Колемишевски: Ахмети ќе сее страв со “поделбата на РМ“ и „ќе ги снема Македонците“, но тука е одбранбениот ѕид на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски!

„По шокот што го доживеа Али Ахмети со изборниот пораз и неуспехот да остане на власт, најверојатно кај него оживеаја ‘идеалите’ за поинаква Македонија, познати од воинствените денови во Шипковица во 2001 година. Немајќи сила да се помири со реалноста, ја засили стратегијата за сеење страв со изјавата дека ‘ако ги нема Албанците, ќе ги нема и Македонците’ на оваа денешна територија, насилно ословена како * Македонија. Но, тука е и браната поставена од ВМРО–ДПМНЕ со Христијан Мицкоски, одбранбен ѕид, подигнат да се запрат штетните долгорочни последици, кои се предизвикани од владеењето на Зоран Заев и од Социјалдемократскиот сојуз, верните поданици на Али Ахмети во времето на нивната коалиција.“ – нагласува новинарот Панде Колемишевски во својата колумна со наслов „Али Ахмети и сејачите на стравот“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.



Секогаш кога сакаше да оствари некоја од идеите на својата партија се ширеа заканите и ултиматумите, редовно поддржувани и од неговите американски невидливи советници и партнери. Со отворени закани за дестабилизација на меѓунационалните односи, до предизвикување меѓуетнички инциденти и поведување нова војна, Ахмети јава низ  македонската земја веќе две децении. Не е сеење магла, туку е сеење страв и најновата иницијатива околу некаквата замислена нова прераспределба на уставниот и политичкиот систем, најверојатно поткрепена и со идеи за поинаква територијална административна поделба.

Платформата, што ја готви ДУИ со пишувачот Пол Вилијамс, повторно ќе ги отвори вратите на стравот за иднината на државата и за местото на Македонците во сопствената држава. Прашањето ќе биде за местото и правата на Албанците, а цел ќе бидат Македонците. Додека беа на власт, од ДУИ изјавуваа дека се посветени на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и на европската интеграција и отфрлаа секакви монтирани политички обиди за дестабилизација. Таквите изјави биле и сѐ длабоко лицемерство. Сето она што го прави сега ДУИ или го изјавува Али Ахмети е спротивно на нивните наводни залагања и изјави.

Интегративците во неколку наврати ги предадоа Македонците на меѓународната сцена. Тие не им дадоа нималку поддршка во напорите да се зачува името, до денес во поголем дел ги поддржуваат грчките ставови за спогодбата, како и бугарските ставови за историјата, идентитетот, јазикот и писмото на македонскиот народ.

Колку што македонската политика имаше разбирање и волја за поволно решавање на националните барања на Албанците, толку албанските политички лидери немаа чувство на блискост и партнерство за националните емоции на Македонците. Ако застанеа  албанските политичари зад македонските ставови, ниту соседите, ниту меѓународната заедница ќе имаа доволно храброст да ги поставуваат уцените и ултиматумите.

Целата колумна тука