Кока Кола продолжува да ги понижува македонската кирилица и граѓани, буквата г стана обратна ѕ

Компанијата Скопска Пивара и брендот Кока Кола продолжуваат да ја понижувааат македонската кирилица.



Во најновата реакција од јавноста која овој пат е испратена од наши читатели на југот на Македонија буквата г стана нешто што личи на обратна мала буква ѕ.

Па така зборот ,,Другар” кој според експертите на компанијата е соодветно напишан на шише од половина литар Кока Кола Зеро, може да се чита како Друѕар, или Друсар ако чудниот знак се чита на латиница.

Зошто една од најбогатите компании на светот си поигрува со македонските граѓани кои се алергични кога некој се поигрува со нивните јазик, азбука и други идентитетски прашања засега од Кока Кола молчат.

Преходно на социјалните мрежи граѓани реагираа и бараат бојкот на Кока Кола за користење на бугарски букви на македонскиот пазар.

Маркетинг фијаско – Македонската Кока Кола ги навреди сите Наталии, како Наталија стана Намалија

Забелешки за навредливата кампања имаат и врвни македонисти кои од стручен лингвистички аспект не се согласуваат со кампањата на Кока Кола во Македонија.

Кока Кола на немакедонски начин ја поддржува кирилицата, реакција на врвна македонистка

А се полна откако една Македонка Наталија стана Намалија

Маркетинг фијаско – Македонската Кока Кола ги навреди сите Наталии, како Наталија стана Намалија