И врвни експерти за македонскиот јазик и кирилица се вклучија во дебатата за погрешната маркетинг кампања на Кока Кола и Скопска Пивара кои со бугарски или некој друг фонт ги пишуваат имињата на производите во својата најнова кампања.
Професорката Елка Јачева Улчар која е водечка македонистка забележува дека Кока Кола на погрешен и немакедонски начин ја промовира кирилицата и со тоа прави погрешен ефект.
,,Ја поздравувам идејата на Скопска пивара за поддршка на кирилицата, но не на овој ПОГРЕШЕН немакедонски начин!
Кога се прави нешто со добра намера, внимавајте да не го постигнете спротивниот ефект”, пишува Јачева Улчар.
Професорката Јачева Улчар објавува фотографија со лименка Кока Кола на која зборот Симпатија изгледа како да е напишан во комбинација на кирилични и латинични букви и се чита како Симнамија.
Преходно извесна Наталија од Скопје објави дека нејзиното име на шишињата Кока Кола е напишано како Намалија по што во јавноста почнаа повици за бојкот на Кока Кола поради употреба на бугарски фонт во производи за македонскиот пазар.
Според набљудувачи Кока Кола погрешно избрала бугарски фонт за својата македонска кампања со што македонски имиња добија поинакво значење.
Моќната компанија се уште не излегува со јавно соопштение дали намерно избрала бугарски фонт поради политички причини или случајно избрала погрешна кирилична поддршка поради без незнаење.
Скандалозно: Зошто Кока Кола користи бугарски букви на производи за македонски пазар?






