„Кока кола“ е водечки светски загадувач со брендирана пластика

 

Наскоро, повеќе од 600.000 тони пластичен отпад од „Кока кола“ ќе ги загадуваат светските океани и водни патишта секоја година, според новата анализа објавена денеска од непрофитната организација Океана.



Тоа е доволна пластика за да се наполни стомакот на 18 милиони китови.

Се проценува дека има 602.000 тони пластика Кока-Кола во светските води, што е еквивалент на речиси 220 милијарди шишиња.

Извештајот е објавен во контекст на зголемената загриженост за ризиците по здравјето на луѓето од ширењето на микропластиката, која научниците се повеќе ја поврзуваат со рак, неплодност, срцеви заболувања и други болести.

„Кока-Кола е убедливо најголемиот производител и продавач на пијалоци во светот“, рече Мет Литлџон, кој ги води кампањите на Океана насочени кон корпоративните загадувачи.

Според студијата од 2024 година објавена во списанието Science Advances, Кока-Кола е водечки светски загадувач на брендирана пластика, по што следат PepsiCo, Nestle, Danone и производителот на тутун Altria.

Се предвидува дека Coca-Cola ќе користи 4,13 милиони тони пластика годишно до 2030 година.

Решението за намалување на оваа неверојатна бројка лежи во враќањето на пакувањата за повеќекратна употреба, било во форма на стаклени шишиња, кои можат повторно да се користат 50 пати, или во подебели пластични шишиња, наменети за 25 намени, тврди Океана.