Кои ќе бидат ефектите од бојкотот на маркетите во Македонија?!

Полупразни маркети, отсуството на редици на касите, но зачестено џогирање. Ваква беше сликата за вториот по ред најавен бојкот на маркетите поради високите цени, но дали ќе има ефект на долг рок останува да видиме. Хрватоите веќе најавија седум-дневен бојкот, но дали тоа може да се случи и кај нас, ќе видиме.



Граѓаните под слоганот „Црн петок за маркетите“ испраќаат порака до големите трговски ланци и го изразуваат незадоволстото за цените на прехраната. Граѓаните се надеваат на уште подобар исход. Некои пак, не се големи оптимисти дека бојкотот ќе вроди со плод.

Од Владата велат дека ги поддржуваат граѓаните, оти трговците си тераат по свое. Заменик министерот за економија, Марјан Ристески вели секој што ги прекршил правилата ќе плати драконска казна. Ристески додава дека наскоро Законот за нефер трговски практики ќе ги даде посакуваните резултати. Од Владата велат – деновиве ќе соопштат мерки за цените на основните прехранбени производи.

Последниот збор ќе го има Управата за јавни приходи, која ќе ги факторира резултатите од направениот промет од овој петок. Минатиот петок после бојкотот прометот во маркетите беше намален за речиси 50%.

Во Хрватска од сабота, 8 февруари, започнува седумдневен бојкот на еден трговски синџир, чиј избор ќе биде одреден преку анкета на „Фејсбук“. Според платформата „Ало инспекторе“ потрошувачите барале да се продолжи со бојкотите, бидејќи, според нив, трговците не ги сфатиле пораките од претходните два општи бојкоти.