Трагедија во кумановската болница, каде што 31-годишна родилка ненадејно починала за време на породување. Иако била примена без сериозни здравствени проблеми, срцето ѝ откажало за време на стимулацијата за породување. Новороденчето, кое било родено без срцева акција, е во критична состојба и се наоѓа на респиратор на Клиниката за детски болести. Во тек е истрага за да се утврдат причините за ненадејната смрт на родилката, а наредена е и обдукција.

Во меѓувреме, новороденчето е во критична состојба и е префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што се наоѓа на респиратор. Надлежните институции започнаа со испитувања за да се утврди што точно се случило во текот на породувањето.
Родилката внесена во болница без сериозни здравствени проблеми Починатата родилка била во деветтиот месец од бременоста и во болницата пристигнала два дена пред породувањето со пукнат водењак и слаби контракции. Според изјавата на д-р Стефан Трајановски, директор на кумановската болница, родилката не покажувала сериозни здравствени проблеми и била примена во добра состојба.

- „Пациентката беше примена без знаци за срцево-белодробно страдање, единствено имаше гестациски дијабет, кој се појавил за време на бременоста“, изјави д-р Трајановски.
Додека надлежните ја бараат причината а смртта на родилката, новороденчето е на респиратор на одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести. Било транспортирано синоќа во присуство на дежурен неонатолог од кумановската болница. Дали има лекарска грешка кај родилката треба да покаже обдукцијата.





