Невообичаена сцена ја одбележа денешната трета етапа од велосипедската трка „Џиро ди Италија“ која се возеше низ Албанија, кога коза нападна еден од учесниците.



Тој, сепак, успеа да се задржи на велосипедот и да ја продолжи трката што почна со три етапи кај западниот сосед на Македонија, од кои првата од Драч до Тирана, со должина од 160 километри, втората на хронометар низ Тирана (13,7 км) и третата со старт и финиш во Валона (160 км).

Од вторник трката се сели во Италија.