Кого претставува професорката и екс пратеничка на СДСМ Фросина Ременски во Венеција е прашањето што се поставува на социјалните мрежи поради начинот на која таа ја прикажува својата држава.
Според објаснувањето на нејзиниот профил генералната конзулка на Македонија во конзулатот в Венеција ја претставува американската сојузна држава Ново Мексико.
Иако меѓународниот код за Македонија дури и со Преспанскиот договор е МК или МКД Ременски во описот ставила дека е генерален конзул на НМ. (NM)
Ваква кратенка или код за Македонија не постои што значи дека или Ременски измислува свој начин или навистина работи за Ново Мексико иако ја плаќа Македонија.
Паралелно со погрешното претставување на Македонија Ременски во Италија е заедно со својот сопруг Јовче Ременски кој беше висок функционер во Агенцијата за национална безбедност пред да биде испратен од СДСМ да работи во амбасадата на Македонија во Рим.
Досега немало случај брачен пар кои не се професионални дипломати од кариера да отидат во иста земја како дипломатски претставници на Македонија.
Фросина и Јовче Ременски беа дел од голем скандал кога кај нив дома беа најдени класифицирани документи за што никогаш ниту еден од нив не одговараше пред законот.






