Актерката од популарната серија Синтија Никсон, може да стане најновата актерска ѕвезда која што се вмешала во политиката, со оглед на тоа што е можен кандидат за гувернер на Њујорк. Таа е родена во Големото Јаболко има искуство од политика, а е фаворит на либералните групи кои во нејзиното делување гледаат вистински кандидат за наследник на актуелниот гувернер Ендру Куомо кој ќе се обиде да остане за трет мандат.
„Таа е поинаков кандидат, со прогресивни идеи кои ги воодушевуваат луѓето“, изјави Били Истон, директор на јавната образовна група за застапување на Алијанса за квалитетно образование.
За сега Синтија молчи, но откако почнаа да се шират шпекулации дека Никсон размислува да се кандидира не помина многу време пред да почнат асоцијациите меѓу потенцијалната политичка кариера и нејзиниот лик на Миранда во серијата „Sex and the City“ која важеше за жена со силни лични ставови и убедувања.
И затоа на социјалните мрежи беа издвоени неколку нејзини реплики од хит серијата која доживеа и филмска епизода во кои таа има одлични запазувања.
„На жените им остануваат два избори: или се вештерки или се секси мачкици“.
„Она што мене ме интересира е: кога мажите се собраа и решија дека ќе излегуваат само со високи девојки со големи гради“.
„Нема слободни мажи на 30-тина години во Њујорк. Џулијани (тогашниот градоначалник) ги избрка сосе бездомниците“.
„Да имаше неограничени слободни станови во Менхетн, сите ќе бевме сингл засекогаш“.
Колку ида е ова напишано од сценаристите толку го соопштила Миранда односно кандидатката за Градоначалник на Њујорк Синтија Никсон.





