Македонскиот првак доживеа вистински час по кошарка, од многу младиот тим на Мега Бемакс кој заврши со пораз од 92-76. Во дуелот од седмото коло од Јадранската лига во Скопје гостите водеа со 32-14 по првата и со 25 разлика уште во втората четвртина, по што беше јасно дека враќање во своевидниот меч за опстанок, иако е можеби се уште рано во регионалниот шампионат, нема да има. МЗТ одигра многу малку и кратко добро или преодно квалитетно. Тоа беше во периодот од крајот на третиот и почетокот на последниот период кога по серијата од 18-0, од 47-70 дојдовме на дофатливи и надежни 65-70, но кај сините ниту имаше доволно сили, ниту расположени поединци со „ден“ да го свртат дуелот комплетно.
Најдобри поединци кај нас беа Трајковски со 16 и Дамјан Стојановски со 13, а во мечот Ребиќ со 22 и Мушиди со 18 поени.
МЗТ Скопје сега е последен во АБА друштвото со две победи, пет порази и серија од три негативни резултати по ред.