Кога Ковачевски упаѓа во прес-конференција со „духовита“ досетка на тема како се прави вино (ВИДЕО)

Бившиот премиер Димитар Ковачевски ја „киднапира“ средбата со новинарите на техничкиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, правејќи се духовит во обид да се пресмета со опозицијата.



„Има една разлика – ќе ти помогнам – што Трипуновски (технички заменик-министер за земјоделство – н.з.) претставува политичка партија којашто докажала и покажала дека смета дека вино се прави од стиропор. А ние докажавме и покажавме дека вино се прави од грозје. Тоа е разликата“, дофрли експремиерот пред Николовски, кој не смогна храброст да се насмее на „пресмешката“ од неговиот партиски лидер од СДСМ.