Полицијата веќе собира контакт податоци од возачите за испраќање на казните за сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрираат камерите. Системот треба да профункционира до крајот на 2025, првично во три града. Од МВР велат дека тој ќе „лови“ брзо возење, поминување на црвено и погрешно паркирање.
Поставувањето на системот со камери со кои ќе се казнуваат сообраќајни прекршоци и кои се очекува да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и на граѓаните воопшто, треба да се заврши во текот на оваа 2025 година.
Ова е дел од одговорот што го доби Радио Слободна Европа (РСЕ) од Министерството за внатрешни работи (МВР) за тоа до каде се подготовките за ставање во функција на системот „Безбеден град“ преку кој ќе се изрекуваат казни за несовесните возачи.
Проектот се најавува со години наназад, а револт зошто се останува само на најава, а никако не се спроведува во пракса, граѓани искажаа и на протестите што беа организирани по сообраќајката на 29 јануари кога на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова.
Целиот текст прочитајте го тука.





