Натпреварот на селекциите на Македонија и Грција од Европското првенство за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје траеше само 32 секунди. По нив гостинчињата на кои, ништо не им беше јасно, беа повлечени од теренот во СРЦ Кале, а мечот службено ќе им припадне на македонските надежи.



Непријатните сцени започнаа далеку пред кулминацијата, зошто грчата делегација прво им забрани на своите таленти да се појават на загревањето, додека нашиот стручен тим не ги симне маиците со напис Македонија.

Тоа беше сторено, а во ниту еден официјален или протоколарен дел не стоеше нашето име, па средбата започна со големо задоцнување. Но и тоа, соопштивме траеше кратко.