Ковачки: Приоритет на премиерот Мицкоски е македонскиот народ да живее достоинствено, а Македонија да биде земја на горди граѓани

„Премиерот Христијан Мицкоски ќе направи и многу повеќе од тоа што го ветил, но и од сите претходници. Неговата визија и приоритет е македонскиот народ да живее пристојно и достоинствено, како што заслужува, а Македонија да биде земја на горди и достоинствени граѓани, рамо до рамо со останатите европски држави, во која владеат законите, има ред и поредок, да биде безбедна држава, во која секој поединец ќе се чувствува сигурно и заштитено.“ – нагласува Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, во интервјуто, кое го даде за информативниот портал „Поглед.мк.“ Ги пренесуваме покарактеристичните искажувања на Ковачки во тоа интервју.



Ветивте многу, ќе имате многу работа да го остварите она, со кое што би требало да се подобри квалитетот на живот на сите граѓани.

Kовачки: Ние ветивме реални проекти и реформи, со кои сакаме да го подобриме животот на граѓаните и да ја вратиме надежта кај сите. Победата беше убедлива и историски најголема, затоа и одговорноста е голема. Уште во првите 30 дена од формирањето на Владата премиерот Христијан Мицкоски покажа како се сака Македонија. Резултатите се видливи, три странски инвестиции, склучена специјална финансиска соработка со Унгарија во вредност од 500 милиони евра, зголемување на пензиите на пензионерите, вработување на 600 млади специјализанти во две фази и многу инфраструктурни проекти. Тоа е доволен показател дека Владата покажа дека може многу повеќе за граѓаните, односно да се почувствуваат промените кои ги ветивме на граѓаните и за кои граѓаните дадоа масовна поддршка. Сепак, граѓаните мора да имаат трпение, бидејќи Владата затекна многу лоша состојба создадена од претходната Влада, која се однесувала недомаќински и нетранспарентно во однос на трошење на народните пари. Претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ беше тотална катастрофа, потонати во криминал и корупција, кој од кој полош дали бил Зоран Заев, Димитар Ковачевски или пак Али Ахмети. Сега имаме Влада предводена од човек со принципи и вредности

Еден сте од ретките, кои жестоко говорат за апсење на криминалците и за повикување на одговорност на оние кои се огрешиле пред законот. Што ќе правите во идниот период, со оглед дека ВМРО ДПМНЕ сега ќе треба да го спроведува законот, што мора да важи еднакво за сите?

Во однос на владеењето на правото тука има заеднички став со коалициските партнери дека мора да има правда и законите да важат подеднакво за сите. Заврши примената на принципот: Ако си поблизок со некој од власта нема да одговараш, па можеш да правиш што сакаш. Премиерот Мицкоски обелодени епски криминал на СДСМ и ДУИ, за што треба, мора и ќе има одговорност. Не смееме да дозволиме повеќе криминалците да се сметаат како вредни и чесни граѓани и да уживаат привилегии и да се поштедени од одговорност, а чесните и вредни граѓани да се сметаат како криминалци. Времето на таквата категоризација заврши, секој кој што погрешил мора соодветно да биде казнет, само така ќе покажеме дека во државата владеат правото, правдата, принципите и вредностите за кои ние се боревме.

Сметате ли дека треба да има модернизирање на македонската Армија, односно дали сме подготвени како држава да дадеме повеќе пари за посилна Армија согласно со стандардите на земја-членка на НАТО? Дали сте вие лично за враќање на воениот рок?

Ковачки: Треба да се направи анализа на фактичката состојба од аспект на заканите, кои ги имаме самостојно како држава, но и како членка на НАТО, тука мислам и на конвенционалните, но и на неконвенционалните закани, и да се земе предвид исплатливоста за враќање на воениот рок. Не е добро да излегуваме со лични ставови „за“ или „против“. Ако се изнесува став, тоа да биде врз база на параметри. Потребно е да се види што добиваме како држава и како општество, а од друга страна колку тоа може да ја чини државата. Што се однесува до модернизацијата, многу пати имам пишувано и зборувано во минатото. Министрите на СДС Шеќеринска и Петровска направија пустош со капацитетите на македонската армија, односно ѝ ги уништија способностите. Значи треба паралелно да градиме капацитети и да вршиме модернизација, што е скап процес.

Целото интервју тука