Ковачки: Пендаровски бара втор мандат, а не донесе ни нова „Стратегија за одбрана“ во 5-те години во НАТО и од првиот мандат

„Членката на НАТО под раководство на Пендаровски има стара Стратегија за одбрана, која е донесена пред членството во НАТО. Претседателот на државата е директно надлежен за Стратегијата за одбрана, која не успеа да ја донесе во петгодишниот мандат и членство во НАТО.“реагира преку објава на својот фејсбук-профил Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, кон изјавата на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на конгресот на оваа партија дека „во првиот мандат на Пендаровски станавме членка на НАТО, а сега е време во вториот мандат да станеме и членка на НАТО“.



Потсетувајќи ги Ковачевски, но и нивниот претседателски кандидат Пендаровски, дека овој не успеал ниту да донесе нова стратегија за одбрана, иако е директно надлежен за таков клучен документ, кој треба да го има и Македонија како членка на НАТО, Ковачки им упати и „пригоден хаштаг“:

#ЗарибанаДржава

#Промени