Ковачки: Криминалците од СДСМ и ДУИ ги продаваа македонските интереси, а ВМРО ДПМНЕ се бори за нив! – Ќе ја рестартираме Горда Македонија!

„Ние сме различни од сегашната Влада на СДСМ и ДУИ. Додека ние од ВМРО-ДПМНЕ градиме, криминалците од СДСМ и ДУИ крадат. Ние, од ВМРО ДПМНЕ, се бориме за нашите национални интереси, ги негуваме историјата, јазикот, традицијата и нашиот македонски идентитет, а СДСМ и ДУИ ги погазија и ги распродаваа. Со нив никогаш не било полошо за Македонија и за народот. И токму поради ова време е конечно да заминат. ‘Платформата 1198’ на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’ нуди обнова на Македонија и иднина за сите граѓани. Платформата 1198 е одговор на барањата на народот.“ – нагласи Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и носител на изборната листа за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија’ во третата изборна единица, во интервјуто, кое го даде за „Брегалнички весник“.



Во интервјуто, покрај другото, натаму Ковачки истакнува: Платформата 1198 се обврзува на рестарт на системот и конечно воспоставување на почитување на законите подеднакво за сите и воспоставување на правна држава. И затоа велиме дека сега шансата и одлуката е кај граѓани, и веруваме во довербата на народот, затоа што тие се силата на една држава и моторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Секој проект во „Платформата 1198” е во интерес на граѓаните.  Носечки проект е префрл. Или за цел четири годишен мандат тоа е 1 милијарда евра за инвестициска офанзива за изградба и реконструкција на патишта, водоводни и канализациони мрежи, детски градинки, училишта, спортски сали, паркови, и многу други проекти. Планиран е економски раст до 5 проценти преку стратегиски инвестиции, поттикнување и привлекување странски директни инвестиции, а со ова и отворање нови 55 илјади работни места.

Се обврзуваме на зголемување на 5000 денари на пензиите на пензионерите. Ќе вложиме 800 милиони евра за земјоделството, ќе има гарантиран откуп и гарантирани цени за земјоделските производи, 50 милиони евра директна помош за спортот во 4 години, инвестиции во инфраструктурата од повеќе од 2 милијарди евра за 4 години за конечна изградба на автопатот Кичево – Охрид, за патните правци Тетово-Гостивар, Битола-Прилеп, за реконструкција и рехабилитација на железничкиот коридор 10 и набавка на возови.

Планираме итегриран и обновен Клинички центар за подостапни и поефикасни здравствени услуги и проект Клиничка болница во Штип за конечно решавање на проблемите на граѓаните од Истокот, како и нови вработувања и ангажирање стручен персонал и доктори. Со „Платформа 1198“ се обврзуваме и на реорганизација на министерствата и институциите, се разбира и намалување на бројот на функционери, како и намалување на бројот управни и надзорни одбори и бројот на членови во некои органи на државната управа и јавните установи.

Ќе отвориме фронт против корупцијата, со воведување низа мерки и реформи ќе започнеме бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Платформата 1198 ја гледа Македонија како правична држава, во која законот ќе важи подеднакво за сите и повеќе нема криминалците да бидат заштитени како што беше според принципот на СДСМ и ДУИ „како до сега“, туку ќе има одговорност за секој подеднакво.

Само преку работа, принципи и чесност ќе ја вратиме Македонија назад кај граѓаните. И токму е насловен нашиот слоган Македонија повторно твоја! Промените се во твои раце!