„Сликата што ги боли е тоа што Македонија повеќе не клекнува. Кога ќе ја видиме насловната страна од бугарски портал со зборовите ‘Мицкоски со длабок поклон пред Борисов’, првата мисла е неспорнa: всушност, колку им недостасува Заев. Да не се лажеме: ова е уште една ефтина, намерно исечена и тенденциозно протолкувана фотографија, направена со јасна цел – да се претстави гестот на учтивост како гест на покорност.“ – порачува преку објава на својот фејсбук-профил Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на владејачката македонска партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Но тие времиња завршија. Нема веќе коленичење, нема поклони, нема откажувања од себе. Македонија никогаш не била погорда! Македонија цврсто чекори напред, работејќи да ги оствари само своите, а не туѓите интереси! Македонија конечно води проактивна, самостојна и заевропска политика – но на македонски начин, со достоинство. Тоа ги боли! Затоа што по години на слугување, конечно има држава што вели ‘не’!“ – вели Ковачки.
Тој посочува дека секогаш кога се обидуваат вака ниско да го дискредитираат премиерот Мицкоски, само потврдуваат дека тој е проблемот за нивниот долгогодишен план на асимилација. „Нека си прават монтажи, нека си прават илузии, но Македонија ќе оди напред, а тие ќе си останат тоа што се.“ – заклучува пратеникот Ковачки на општествената мрежа.






