„Ме интересира како може Али Ахмети да се заканува во оваа држава со дестабилизација и со предвоена состојба во земја членка на НАТО во услови кога имаме војна која беснее на тлото на Европа?
Дали господинот Али Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија.
Јас мислам дека е надвор од разумот и треба да се праша дали живее во имагинација или во реалниот свет“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.
„Не доаѓа во предвид Али Ахмети да биде тој кој што ќе прави споредби и ќе биде лидер на Албанците. Тој не е веќе лидер на Албанците.
Албанците имаат свои лидери и тие лидери се во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Во македонската Влада седат лидерите на Албанците, тие се репрезентите на Албанците во моментот. Имаат Албанците претставници и во Парламентот. А, Али Ахмети, тој негов Европски фронт во моментот се распаѓа“, рече Ковачки.
„Видовме тој колку им мисли, видовме каде живее во какви и хациенди, колку се грижи за обичните Албанци, јасно им е на сите и затоа веќе тие не се дел од македонската власт“, вели Ковачки.
Тој се осврна и на однесувањето ДУИ, и нивниот повторен обид за манипулации и закани.
„Таа дописна агенција наречена ДУИ во моментов нема друга опција освен да се заканува и да објаснува дека тие немаат игра, тие цело време можат да играат на етничка карта…
„На Али Ахмети не му се исти писмата до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до странските амбасади. Тие се разликуваат во одредени сегменти, некаде има закани, а некаде нема“ рече Ковачки.





