Ковачевски фатен жив: Нова груба злоупотреба на државни ресурси за партиска потреба на СДСМ

Нова груба злоупотреба на државни ресурси за партиска потреба на СДСМ.



Откако вчера беше објавено видео на кое се гледа како шофер на владино возило му отвара врата на вицепремиерот Маричиќ кој отишол да се потпише на кандидатурата за претседател на Пендаровски, денеска се гледа како екс премиерот Ковачевски злоупотебува простории на македонска амбасада за партиски состанок на СДСМ.

Иако нема никакво право да организира партиски или приватен состанок во дипломатските претставништва на Македонија лидерот на СДСМ завчера се сретнал со свои познаници во амбасадата на Македонија во Рим.

Ковачевски во моментов нема никаква државна функција и ме смее да користи државен имот за било какви активности.

За оваа злоупотреба на државни ресурси Ковачевски информира преку официјалниот профил на Фејсбук на СДСМ каде јасно стои дека средбата е организирана како лидер на партија а со него бил и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ.

,,Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Рим, Италија, оствари средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Италија. На средбата присуствуваше присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Ковачевски посочи дека СДСМ како државотворна и прогресивна партија се грижи за сите граѓани подеднакво, вклучително и за иселениците, додавајќи дека дијаспората има капацитет да придонесе за економски, културен и општествен развој на нашата земја. На средбата се дискутираше за актуелни прашања кои ги засегаат иселениците, како и за заложбите на Владата предводена од СДСМ во насока на негување на врските со дијаспората, што е важно за одржување на традицијата и културата, како и за афирмација на С. Македонија”, стои во информацијата на СДСМ.

Оваа информација е доволна причина Антикорупциската комисија да покрене процедура за утврдување на злоупотреба на државни ресурси за партиски цели.

За време на посетата на Рим Ковачевски доживеал и друг дебакл

Кога нештата ќе тргнат на лошо

Дебакл на Ковачевски во Рим, Европските социјалисти не го примиле на настан

Министерот дозволува злоупотреба на државни капацитети

Викторија го прозва Бујар за скандалот на СДСМ во дипломатско претставништво

Вчера Маричиќ ја почна новата серија злоупотреби

Во недела на пладне шоферот од владата му ја отвара вратата на функционерот познат по аферата со бифтеци платени од народни пари

Бескурпулозна злоупотреба на државни ресурси за партиски цели од функционер на СДСМ (ВИДЕО)