Ковачевски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, го призна изборниот дебакл на досега владејачката партија и на нејзиниот претседателски кандидат.



„Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати“, изјави тој во првото обраќање по завршувањето на изборите, на кое им честиташе на победниците ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и на првата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.

„Не сакам да носам избрзани заклучоци и да посочувам виновници“, додаде Ковачевски и кажа дека одговорност имаат тој и партиското раководство, сите именувани и избрани функционери, како и сите партиски функционери на локално ниво и на централно ниво.