Ковачевски: Немаме ништо договорено со ДУИ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека досега не е договорено ништо со партијата ДУИ, а дали ќе има нешто такво зависи од одлуките на партиските органи.



Ова е коментарот на Екс-премиерот по изјавата на Артан Груби дека до крајот на неделава двете партии би можеле да имаат средба за да се разговара за начинот на тоа како ќе се настапи на претстојните избори.

„Сигурно Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе има свои носители во сите изборни единици. Дали дел од тие пратенички листи ќе бидат претставници од други политички партии кои што не се традиционално со нас во коалиција тоа сепак ќе го покажат анализите вклучително и ДУИ. “, рече Ковачевски.

Околу кандидатот за претседателските избори од СДСМ, Ковачевски рече дека тоа ќе го соопштат на крајот на месецов или на почетокот на идниот.

За сега нема најави дека може да дојде до договор за поддршка на кандидатот на СДСМ во вториот круг од страна на ДУИ.

Најавите дека кандидат на ДУИ ќе биде Али Ахмети паднаа во вода иако Груби минатата недела напиша Само Али Ахмети, сега вели дека тој нема да биде кандидат бидејќи тој бил мисионер а не функционер.