Ковачевски: Немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени. Ваквите обвинувања што ги изнесе вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој ги отфрли како инсинуации и како работи кажани на митинг кои немаат никаков допир со реалноста.



Ниту имало некаков состанок во вила „Водно“ на кој се разговарало за какви било измени и на кој било закон, ниту со тие измени се планирало какво било гласање на уставните измени. Со индигнација ги отфрлам тие инсинуации – рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање.