Претседателот на СДСМ, Димитар Ковчаевски изјави дека не бил задоволен од некои функционери на ДУИ при што го спомена поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.
Ова е поинаков став споредено со „поддршката“ што тогашниот премиер му ја даде на својот вицепремиер кога играше фудбал во службените простории во Министерството за олитички систем.
Премиерот за фудбалот кај Груби: Секој има право да си го организира просторот како што сака
Но, во телевизискиот дуел со Христијан Мицкоски на „Канал 5“, екс-премиерот рече дека кога Груби играл фудбал во неговиот владин кабинет, граѓаните мислеле дека функционерите не прават ништо.
„Сметам дека ДУИ не се однесуваше онака како што треба, поточно одредени функционери во Владата.
Но, морам да кажам дека некои претставници на таа партија нон-стоп работеа на антикризни мерки. Не можам да кажам дека Фатмир Бесими не работеше деноноќно со Битиќи и Тренчевска во антикризните мерки“ рече Ковачевски.
Тој изрази задоволство од министерот Азир Алиу. кој ги подготвил законските реформи во јавната администрација.
„Но, од друга страна, кога Артан Груби играше фудбал во канцеларија, тогаш народот мислеше дека не прават ништо“, рече Ковачевски..






