Претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски вели дека ставот на неговата партија во оиднос на барањето на ДУИ претседателот на државата во иднина да се бира во Собрание е многу јасен уште од 2019 година:
„Претседателот на државата треба да се бира на непосредни избори“, вели Ковачевски во интервју за МИА.
„Тоа што ДУИ смета дека мора да се прави, тие тоа може да си го кажуваат на нивните митинзи, меѓутоа суверено право е на демократските институции, а тоа е Парламентот во овој случај, да одлучува за тоа како ќе функционира државата. Ние имаме уставно уредување во кое што претседателот на државата се бира од страна на граѓаните“, вели екс-премиерот.
„Претседателот на државата треба да се бира на непосредни избори бидејќи претседателот на државата треба да биде независна интегритетна фигура која што ќе биде коректив на политичките партии којшто ќе ги претставува сите граѓани, а не да ги претставува политичките партии“, вели Ковачевски.






