Важно е дека Бугарската православна црква пружи рака до нашите собраќа од Македонија да ги претставуваме нивните интереси пред другите православни цркви. Бугарската држава треба да биде водечка околу проблемот со статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.



Темелите се поставени и многу важна е сега црковната дипломатија, вели европратеникот Андреј Ковачев, еден од најекспонираните бугарски претставници во ЕУ и човек кој, на пример, го истурка признавањето на наводно „бугарско малцинство“ во Албанија.

Ковачев, како што пренесува БГНЕС, инсистира на водечката улога на Бугарија во решавањето на црковно прашање (на МПЦ-ОА) „што е оправдано од нашата историска и културна врска со Македонија – нашата заедничка историја во однос на Охридската архиепископија и Егзархијата“.

Изјавата доаѓа како одговор на патријархот на Српската православна црква, Иринеј, кој преку медиумите го оцени за незрел потегот на Македонска православна црква – Охриска архиепископија (МПЦ-ОА), која побара од Бугарска православна црква (БПЦ) да ѝ биде црква-мајка.

Ковачев вели дека „тешкотиите, историјата и идеологијата што нè раздвоија“ доаѓале од  Српската православна црква која има свои аспирации и амбиции, кои датираат уште од времето на српската окупација на Македонија од пред Втората светска војна (1939-1945) и потоа за време на режимот на Тито во Југославија.