Опозициски партии на етничките Албанци го поздравија изборот на Абдуш Демир за член на ДИК и оценуваат дека ова е прва победа на коалицијата VLEN (ВРЕДИ) постигната пред изборите.
Со изборот на Адбуш Демири за член на ДИК од албанската коалиција ВРЕДИ сметаат дека била спречена можноста за манипулација со изборниот процес од страна на власта.
Од албанската опозиција нагласуваат дека за Демири не гласале само пратениците на Зијадин Села и на Левица.
Сега ДИК има 7 членови, колку што треба да има според изборниот законик.
„Хибридната власт на ДУИ и СДСМ ја загуби битката за целосна контрола на ДИК и за евентуална манипулација на изборите.
Само петте пратеници на Зиадин Села и двајца од партијата „Левица“ на Апасиев не гласаа за Абдуш Демир за член на ДИК Албанец.
Абдуш Демири е кадар кој со својата работа во минатото докажува дека ДИК ќе се бори за демократски и коректни изборни процеси. Во ова нè убедува минатото на Демир. Една година водеше со Агенцијата за вработување и таа година оваа институција беше прогласена за најуспешна и меѓу ретките со нула корупција“, велат од „VLEN“.






