Клуч на врата само за два маркети, ДПИ најавува засилени контроли

Пазарниот инспекторат издал две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил и најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.



– Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите) – вели Трајковски.