Ако евентуално се договориме било што да чепкаме во Уставот, тоа не смее да стапи во сила пред да станеме членка на ЕУ. Грција ќе биде многу мотивирана да не поддржи на патот кон ЕУ, затоа што дента кога ќе станеме членка, би го промениле Уставот….
Така се заштитуваме од можноста да го смениме името за џабе, вели аналитичарот Сашо Клековски..
Зборувајќи во дебата во „360 степени“ околу можностите да се постигне согласност за спорот со името, тој вели:
„За мене можеби многу поважно е кога ќе стапи во сила евентуалниот договор со Грција. Ние еднаш сме прејдени од Грците, или веројатно повеќе пати, но последниот пат со кршењето на Привремената спогодба. Ќе бидеме многу глупави, екстремно глупави, ако дозволиме по втор пат да бидеме прејдени“
Тој вели дека би избегнале да бидеме измамени само ако евентуалниот договор со Грција стапи во сила на денот кога ќе станеме членка на ЕУ.
Тој смета дека до почетокот на летото кое е поставено како рамка за решавање на името, секако нема време за спроведување на сите работи, дури тие и веќе да се договорени.





