Шесте онколошки лека што недостигаат ќе бидат обезбедени неделава, уверува и денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, откога онколошки пациенти се пожалија дека веќе една недела немаат терапија. Дел од лековите ќе биде обезбеден со донација, а другиот дел со анекси на договорите.
“Се разрешуваат проблемите со недостиг на онколошките лекови и ќе бидат многу бргу решени. Сега доаѓам од состанок со директорот на Клиниката. Дел ќе биде решен со донации, кои ќе се реализираат во текот на неделата бидејќи лековите се присутни во Македонија, ги има резерва, а дел ќе биде со анекси на договорите. Тоа го расчистуваме денес и утре со јавните набавки, па мислам дека критичните лекови многу бргу ќе бидат достапни“, рече директорот Клековски.
Тој очекува оваа недела да биде одобрено речиси двојно зголемување на условниот буџет, пари со кои ќе се удвои и набавката на некои од критичните лекови.





