Актуелниот Европски ракометен првак Вардар ќе биде без еден од клучните играчи Игор Карачиќ за дуелот со Нант што денеска се игра во Скопје како дел од второто коло во групата А од Лигата на шампионите. Хрватскиот бек има повреда на скочниот зглоб што бараше итна имобилизација, а ќе биде неопходна и пауза.



Вардар инаку се уште нема загубено ни бод, за пораз и да не зборуваме во тековната сезона, а таа серија треба да продолжи во средбата од 17.30 кога во салата Јане Сандански се појавува Кире Лазаров со неговиот нив тим. Македонскиот репрезенативен капитен синоќа тренираше со новите колеги со кои ќе се обиде да биде првиот што ги запрел црвено црните во сезоната.