„Од тоа јас што ги знам луѓето во Левица немаат амбиција да дојдат на власт. Удобна им позицијата во која моментално се наоѓаат – опозиција“, вели поранешната претседателка на АФЖ на Левица, Весна Кираџиева за Радио Лидер.
Весна Кираџиева, поранешен претседател на АФЖ зборува за Левица и Димитар Апасиев и за нивните двојни стандарди. Според неа, на Левица ѝ е удобно во опозиција.
„Од тоа јас што ги знам луѓето во Левица немаат амбиција да дојдат на власт. Удобна им позицијата во која моментално се наоѓаат – опозиција. Го гледаат премиерот во каков хаос се наоѓа сега, има по три интервјуа дневно, одговара по 200 прашања дневно, решава 3000 проблеми дневно. Веројатно платата е 500 евра разлика, па си имаат пресметано „Зошто да си ја ставам главата во торба за 500 евра разлика“. Реално, огромен притисок е да си на власт во вакви околности, кога водиш држава и имаш одговорност, кога секогаш секој ќе те плука, си имаат искаклурирано дека подобро им е во опозиција“, вели Весна Кираџиева за Радио Лидер.
Кираџиева смета дека на следните избори сите три опозициски партии ќе имаат голем дебакл сите три опозициски партии, односно Левица, СДСМ и ДУИ. Таа вели дека е изненадена од негативната нарација во Левица.
Целото видеото на овој линк





