Кина ја гради најголемата брана и хидроцентрала на светот

 

Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот. Ќе се наоѓа на Тибетската висорамнина, во долниот тек на реката Јарлунг Цангпо, пренесува Ројтерс.



Браната ќе може да произведува 300 милијарди киловат часови електрична енергија годишно, според Power Construction Corp of China. Ова тројно повеќе од капацитетот од 88,2 милијарди kWh на браната „Три клисури“ на реката Јангцекјанг, досега најголема во светот.

Проектот ќе игра голема улога во постигнувањето на целите за намалување на емисиите на штетни гасов, ќе ја зајакне градежната индустрија и ќе создаде работни места во Тибет.

Трошоците за изградба на браната се очекува да ја засенат браната Три клисури, која чинеше 254,2 милијарди јуани (34,83 ​​милијарди долари).

Властите во Пекинг не кажаа колку луѓе ќе бидат раселени поради хидропроектот или како тоа ќе влијае на локалниот екосистем.

Индија и Бангладеш изразија загриженост за браната бидејќи проектот потенцијално ја менува не само локалната екологија, туку и текот на реката Јарлунг Цангпо која, кога го напушта Тибет тече на југ под името Брамапутра во индиските држави Аруначал Прадеш и Асам и на крајот во Бангладеш.