„Откако е на власт, Доналд Трумп ги врати САД назад и се се влоши“, изјави ѕвездата на реалните шоу програми, Ким Кардашијан (36).
Екстремно популарната Американка со ерменски корени тврди дека сегашната политичка состојба во САД е застрашувачка.
„Секој може да ја води Америка подобро од Трамп, па дури и мојата четири годишна ќерка“ навредливо говори за својот претседател една од колонијата сестри Кардашијан.

Но, многумина ова невообичано мешање во политиката на жената, синоним за забава и лесен живот, го толкуваат како начин да се пренасочи внимането и разочарување од американските власти, кои го тужат нејзиниот сопруг Канје Вест за откажување на турнеја.




