Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми.



„Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето.

Гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, сметаат аналитичари.

„Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од неговата кампања.

„Њујорк тајмс“ вчера цитираше три анонимни извори дека Кенеди ќе ја заврши својата кампања и потенцијално ќе го поддржи Трамп.

Си-Ен-Ен цитира два анонимни извори кои објавија дека Кенеди се очекува да ја прекине својата кампања в петок.