Во анализа за пречките кои стојат на патот за постигнување решение на долгогодишниот спор со името, атинскиот весник „Катимерини“ потсетува дека за македонскиот премиер Зоран Заев, еден од проблемите е расположението на јавноста.
Анкетите покажуваат, потсетува „Катимерини“, дека мнозинството Македонци се против компромис за името и за возврат да добијат влез во НАТО, додека „албанското малцинство во земјата останува индиферентно.“
Со оглед дека „во соседната земја ќе се одржи референдум за евентуален договор за ново име (…) Затоа г-дин Заев, кој е особено желен да промовира решение, треба да ги одржува, ако не и да ги проширува, сојузите потребни за усвојување на договорот, сè додека ВМРО с’е уште се опоравува од својот колапс“, пишува грчкиот весник.
Исто така, времето за решавање на проблемот е исто така ограничено со фактот дека по летото 2018 практично двете земји влегуваат во предизборни циклуси за изборите во 2019 година.





