Грчкиот весник загрижен што лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија вели дека доколку биде избран за премиер, тој ќе ја нарекува земјата единствено како „Македонија“, без оглед на Договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата.



„Катимерини“ пренесува декла за време на телевизиската дебата пред парламентарните избори  Димитар Ковачевски, лидер на владејачката Социјалдемократска партија (СДСМ), изразил загриженост и предупредил дека одбивањето на Мицкоски да го користи новото уставно име може да предизвика проблеми со Договорот од Преспа.

„За мене Македонија е и ќе остане Македонија. Моите предци би се гордееле со мене за она што го правам за мојот народ и за мојата земја“, изјави Мицкоски на дуелот со Ковачевски на Канал 5 во средата…

Весникот, објави дека последните анкети покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори, кои се совпаѓаат со вториот круг од претседателските избори во земјата, каде актуелниот претседател и кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, ќе се соочи со Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ.