„Катимерини“: Да нема илузии дека Грција ќе добие сè за името

Грчкиот весник „Катимерини“ во својот денешен коментар го проблематизира оптимизмот на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас дека 26-годишниот спор за името на Република Македонија би можел да биде надминат до крајот на 2018 година, предупредувајќи дека Грција нема да добие сè.
„Не треба да има илузии дека Грција може да постигне договор со кој ќе добие сè. Навистина се надевам дека Коѕијас ќе може да постигне договор, но мислам дека тој ги пренебрегнува политичките импликации за Владата, за СИРИЗА и за другите партии за кои се очекува дека ќе го поддржат договорот. Исто така, се плашам дека речиси сите пратеници од Македонија или од Тракија ќе дадат поддршка. Коалицискиот партнер Панос Каменос веќе ги упати првите предупредувачки истрели“, вели авторот на коментарот Ставрос Ѕимас по долгата експликација на сите поволни околности за надминување на долгогодишниот спор, како што се замената на „националистот и популист“ Никола Груевски со „прагматичниот и флексибилен“ Зоран Заев, растечкиот притисок од Албанците и решеноста на НАТО и на Европска унија да ја стават Македонија под својот чадор како одговор на заканата од зголемено руско влијание на Балканот.