Касами: Јазикот го добивме со крв, уставните судии треба да бидат свесни дека нивната одлука може да има последици за Р*М!

Уставните судии треба да бидат свесни дека секоја нивна одлука може да има последици за државата! Јазикот на секој народ е вредност за една држава, ние сме го добиле со крв, и затоа барам од нив да ги стават интересите на * Македонија, интересите на државата, пред интересите на некои групи, кои не ѝ сакаат добро на оваа земја.“ – со овој повик до уставните судии во Уставниот суд на Република Македонија се огласи Билал Касами, градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, од коалицијата Вреди, спроти најавената седница на тој суд, на која ќе се расправа за уставноста на некои одредби од законот за употреба на јазиците. Неговата објава ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.



Порталот натаму пишува: Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами го повика Уставниот суд да не излегува од своите овластувања и да не се вклучува во политички теми и теми кои, според него, им наштетуваат на меѓуетничките односи во државата.

„Секое право на Албанците, е освоено со макотрпна работа, но во одредени моменти со крв, и не верувам дека ќе му помогне некому каква било одлука, која ќе ги деградира правата на Албанците. Јазикот на секој народ е вредност за една држава и затоа барам од уставните судии да ги стават интересите на * Македонија, интересите на државата, пред интересите на некои групи, кои не ѝ сакаат добро на оваа земја.“ – истакна Касами