Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами е убеден дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени за внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД ќе дадат јасен план за евроинтеграциите, што сега за сега тој не го гледа.



Во синоќешното гостување на ТВ21 во емисијата Клик Плус, Касами рече дека нема јасен план од страна на ЕУ кој се однесува на интеграцијата на земјите од регионот и  Македонија.

„Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ“, сѝмета Касами.