Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово Билал Касами во интервјуто за Алсат изјави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на таа позиција во Општина Тетово. Тој истакна дека е направено многу досега, но и оти има и многу проекти, на кои се работи и за кои треба повеќе време да се реализираат.
„Ми треба барем уште еден мандат за да ги завршам овие проекти. Два мандати се доволни, трет можеби е премногу. Од денеска можам да најавам дека ќе се кандидирам за уште еден мандат, ако е во интерес на Тетово и на тетовчани. Ако добијам поддршка, ќе ги продолжиме проектите, што ги реализираме.“ – изјави Касами.
На прашањето дали има поддршка од партнерите на коалицијата Вреди тој одговори дека начелно постои согласност секој каде што раководи со локалната власт таму и да продолжи, со истите политички партии. Верувам дека многу брзо ќе имаме општ договор кој ќе определи како ќе одиме на локалните избори. Начелно се договоривме, но поделбата на одговорностите на локално ниво се уште не е одредена.“ – посочи Билал Касами.





