Касами: Таравари сам се отстрани од владата!

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, изјави дека по средбата на лидерите на коалицијата ВРЕДИ тие разговарале и со премиерот Христијан Мицкоски.



Вели дека станувало збор за редовен состанок, но одби да ги коментира ставовите на премиерот за неодамнешните настани во рамките на ВРЕДИ.

„Нема да го коментирам ставот на премиерот Мицкоски, бидејќи ВРЕДИ има став дека соработката со ДУИ и позиција во владата е, не би рекол, невозможна, но проблематична“, рече Касами.

Запрашан дали се разгледува исклучување на Таравари од владата по неговото дистанцирање од ВРЕДИ, тој рече дека самиот лидер на Алијансата за Албанците се исклучил од коалицијата.

„Верувам дека со неговата постапка за соработка со ДУИ, тој се отстрани од владата, исто како што се отстрани од ВРЕДИ“, рече Касами.

Таравари: За излегување на АА од Влада одлучува премиерот