Касами: Нема факти дека Рама е вмешан во расколот во коалицијата Вреди, откако замина Таравари од неа, нема дека е и тој дел од оваа игра

„Претседателот на Движењето Беса Билал Касами истакна дека нема аргументи за можно вмешување на албанскиот премиер Еди Рама во расколот во коалицијата Вреди, што се случи само неколку дена по средбата, која ја имаа албанскиот претседател Бајрам Бегај и албанскиот амбасадор во Скопје Денион Мејдани со лидерите на албанските партии во * Македонија.“ – објави „Лајм“ по интервјуто, што го даде Касами за овој весник на албански јазик.

Весникот ја цитира изјавата на лидерот на Беса, дадена во интервјуто во овој контекст: „Што се однесува до премиерот Албанија немам факти и аргументи дека тој е дел од оваа игра и не можам да вперам прст кон него, и покрај тоа што во одредени моменти го кажав моето мислење дека можеби поради долгите врски на институционалната соработка, во одредени моменти имавме чувство дека премиерот Рама е близок со ДУИ, близок со Али Ахмети. Но, немам аргумент, за да го вперам прстот во овој случај кон премиерот Рама за расколот, што се случи со заминувањето на Арбен Таравари.“