„Денес коалицијата ‘Вреди’ ги има трите големи албански општини Тетово, Чаир и Гостивар. Но, за неколку недели коалицијата ‘Вреди’ ќе ја има и централната власт. По една година ќе раководи, или заедно ќе раководи и во Куманово, Липково и многу други општини.“ – изјави самоуверено Билал Касами, лидерот на Беса и градоначалник на Тетово на синоќешниот митинг на албанската опозициска коалиција „Вреди“.
ТВ Шења пишува: Нагласувајќи дека „Владата на коалицијата ‘Вреди’ ќе се ангажира за рамноправен регионален развој“, Билал Касами дополни: „Денес економскиот развој во Р*М, како и во многу други полиња има етнички разлики. Денес во албанските општини се инвестираат само по 35 евра по еден жител, а до македонските општини околу 75 евра по еден жител. Планот на нашето владеење ќе овозможи во 2030 година да имаме рамноправност и да се инвестира без етнички разлики: по 150 евра на еден жител.“ – рече Касами
„Во Тетово вчера пораката беше јасна: ние го растуривме старото, бидејќи новото веќе почна, промената тргна. Велиме и одовде, од Куманово дека старото заврши, оти на ДУИ ѝ истече рокот, ‘Вреди’ е промената, ‘Вреди’ е иднината.“ – посочи Касами на собирот во Куманово.





