„Иронично е што ДУИ 20 години беше на власт и не само што не зборуваше за кантонизација и регионализација, туку не го направи ниту најмалиот чекор кон процесот на децентрализација.“ – вели Билал Касами, лидерот на Беса од коалицијата Вреди. Ова го објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Касами: ДУИ одбегнуваше децентрализација, беа насочени кон личните интереси и заработката“.
ТВ 21 пишува: „Охридскиот договор, кој постојано го велича ДУИ, беше за зачувување на унитарниот концепт на државата, но процесот на централизација продолжи. Имаме една децентрализирана држава, а ДУИ не го направи ниту најмалиот чекор кон децентрализација. Тие ја загубиле насоката и во дворот свој и во владата. Тие мислеа како да заработат повеќе за себе и своите семејства и сега тие пари ги трошат на скапи меѓународни експерти, кои се обидуваат да создадат претстава во јавноста дека прават нешто.“ – посочи Касами.
Тој додава дека * Македонија ќе продолжи да се гради како држава на сите граѓани и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека институциите на оваа држава ќе бидат во служба на сите граѓани без разлика кој е на чело на институцијата.
„Што се однесува до организирањето на државата, ДУИ требаше да го направи тоа кога беа на власт, а не сега во опозиција. Темите, што ги отвораат, се многу големи, а тие се наоѓаат во многу тешка положба во опозиција. Не знаат како да се однесуваат во опозиција. Овие теми се отвораат кога си на власт, а не во опозиција.” – заклучува Касами.
Home Македонија Касами: ДУИ одбегнуваше децентрализација, а сега зборува за кантонизација, но РМ ќе...





