Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами синоќа на својот Фејсбук профил објави реакција на прес конференцијата на ДУИ.



Според него, ДУИ преку своите шеми ноќе убива Албанци, дење жали по нив, пренесува ТВ21.

„Тоа се случува и во континуитет, дискриминирајќи ги Албанците преку механизми кои не се соодветно приспособени, како во случајот со балансерот. Но, за среќа, ВРЕДИ е тука да се грижи за Албанците со воведување закон за правична и соодветна застапеност!

Едноставно и јасно ВРЕДИ го покрива срамот на ДУИ која како фасада ги „среди“ прашањата на Албанците!“, вели Касами