Касами бара помош од странските дипломати

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами се обидува преку странската дипломатија во Македонија да си ја обезбеди лидерската позиција и да остане на водечката позиција во Беса, анализираат косовските медиуми.



Вчера тој остварил средба со хрватската амбасадорка во земјава Даниела Баришиќ, во придружба на сопартијците Кастриот Реџепи и Абдуш Демири.

Дилемата е како ќе одигра членството на конгресот на 24ти февруари, и дали и е важно на меѓународната заедница Касами да остане на чело на Беса, пишуваат медиумите.

На состанокот со Баришиќ Касами и го кажал неговото мислење за последните политички процеси во Македонија, како што се прашањето за името и интеграцијата на земјата во евроатланските структури. Тој и нагласил дека Беса е подготвена да придонесе за сите овие важни моменти за иднината на Македонија, се вели во соопштението од партијата.