Карапејовски: Институциите со етнички предзнак, наречени академии, се невладини организации, а не национални академии на науки!

„Науката не може и не смее да се етнизира и да се партизира. Секакви обиди и иницијативи за формирање академии со етнички предзнак се ненаучни, во својата суштина. Таквите институции можат да бидат невладини организации, но не и национални академии на науките.“ – реагира преку својот официјален фејсбук-профил д-р Бобан Карапејовски, профсор на катедрата за македонски јазик во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и пратеник од политичката партија ЗНАМ, членка на владејачката коалиција. Карапејовски реагира во врска со така наречената „Албанска академија на науки“, за која велат партиите во албанската коалиција Вреди дека ќе ја формираат.