Бугарија мора да има многу јасен и дефинитивен став за РСМ (кратенка која во Бугарија се косристи за Македонија – н.з.) изјави за БНТ претседателот на бугарската ВМРО Красимир Каракачанов.
Тој вели дека РСМ влегла во конфликт со Бугарија без да биде испровоциран, мислејќи истовремено на зборовите на Христијан Мицкоски дека нема да го почитува договорот со Бугарија и да ги запише Бугарите во Уставот, пренесува Њуз.бг.
Според Каракачанов, Македонија се однесувала понежно со Грција, но односот кон Бугарија е дрзок и брутален.
Тој истакна дека во Скопје одамна разбрале дека во последните три години со Бугарија владеат политичари кои немаат чувство за национална припадност и се подготвени да ги продаваат бугарските интереси за македонското прашање.






