Бугарија го поддржува членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Не постојат контроверзни прашања по потпишувањето на договорот со Република Македонија “.
Ова го изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов на брифингот по разговорите со вицепремиерот и министер за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска.
Каракачанов истакна дека Бугарија ја поддржува кандидатурата на Република Македонија за ЕУ како земја од Западен Балкан бидејќи е во најнапредна фаза од другите пријателски земји на Балканот, пренесуваат бугарски медиуми.
„Немаме проблем со името на Република Македонија”, рече Каракачанов. Според неговите зборови, Бугарија има доволно можности да помогне во решавањето на ова прашање.





