Поранешниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, не избира зборови за Македонија ни среде траорот и справувањето со страотните последици од трагедијата во Кочани.



„Тоа што владата на Мицкоски две недели не се занимава со Бугарија се должи само на оваа голема трагедија во Кочани. Таа се случи благодарение на неспособната македонска влада и на претходните неспособни влади. Засега не се грижат за нас. Но, кога ќе стивне трагедијата, ние повторно ќе станеме нивна политичка гума за џвакање. Ако продолжиме да молчиме наместо да почнеме активно да ги штитиме правата на нашите сонародници, ништо нема да се промени. Мора да бидеме многу агресивни и да бидеме активна страна. А не да чекаме некој да ни биде арбитар“, одговори лидерот на ВМРО-БНД во интервју за бугарски „Телеграф“ на констатацијата дека „по трагедијата во Кочани како да замреа антибугарската реторика и манифестации на Скопје“.

„Колку повеќе се отстапува пред политичарите во Скопје, толку побрутални антибугари стануваат тие“, заклучува Каракачанов.